Според нив, криминалниот потег на доделување на паркинзите на управување на приватни лица придонесе и паркинг местата кои беа слободни за паркирање на возилата на граѓаните кои живеат во зградите да им бидат буквално насилно одземени и да им биде одредена цена од 50 денари за час.
– Истата таа цена од 50 денари за час паркирано возило ги терети и туристите во Охрид.Ако на тоа се додаде дека некаде постои и цена од 100 денари за самиот влез во паркингот тогаш е сосема јасно дека Петрески му нанесе уште еден удар на охридскиот туризам и тоа од најнизок и најкриминален вид. На сограѓаните им го одзеде правото на паркинг пред местото за живеење, а туристите се удрени по џебот за паркинг на места каде што никогаш немало таква услуга, рече на денешната прес- конференција портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
Како што додаде Митровиќ, најлошиот момент во сето тоа е што средствата наместо да одат во ионака испразнетата градска каса, одат во приватни џебови.
– Постојат и индиции дека со дел од нив се сака да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ . Охрид добива уште еден удар од сопствената локална самоуправа и градоначалникот и тоа во срцето на туристичката сезона, рече портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ.