
– Народот не гласаше за кантонизација и федерализација, а никој не го праша ниту за промена на уставното име заради брз влез во ЕУ и НАТО. Сите овие антидржавни и антинационални теми му беа наметнати после избори, измамнички и кукавички, со една единствена цел, Заев и криминогеното раководство на СДС да формираат Влада, иако загубија на изборите. Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДС се силно уценети. Формирањето влада тие го гледаат како спас од одговорност за криминалот што го направиле. Тие мислат дека на тој начин, со тргување со највисоките државни и национални интереси, би се спасиле од долгогодишните казни затвор што им се закануваат, стои во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време и дека час поскоро мора да се организираат избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат.











