Од општинската ВМРО- ДПМНЕ со забелешка до ОО на СДСМ дека коректно и чесно не им ја честитале победата на нивниот претседателски кандидат Ѓорѓе Иванов во првиот круг од изборите.
– Повторно со вечно истите флоскули , истите оправдувања и жалопојки се обидуваат да си најдат алиби за својот пораз. Очигледниот израз на гнев и излив на необична омраза кон националната опција е елементарен невкус во изјава дадена од кандидат за пратеник. Но,исто така тоа е воедно сликата на една пропадната опција каква што е СДСМ, на една нереформирана партија во која не вирее ништо друго освен омраза и малициозност. Така не се гради држава ,тоа не е однос кон својот народ, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека народот уште еднаш покажал дека се определува за скромноста и работливоста на ВМРО ДПМНЕ, а не за ароганцијата и манипулациите на СДСМ и дека народот препознава дела, а не зборови и потрошени фрази.
– Токму затоа препознаената разлика меѓу двете опции, граѓаните уште еднаш и уште посилно и победнички ќе ја потврдат на 27 Април кога јасно ќе дадат до знаење дека д-р Ѓорге Иванов ќе биде и официјално ново-стариот Претседател на Република Македонија, а партијата препознаена по делата и исполнувањето на ветувањата ВМРО ДПМНЕ ,ќе биде апсолутниот победник со над 62 пратеници во македонското Собрание, сето тоа само за доброто на Охрид и цела Македонија, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
OhridNews