– Арогантната изјава на координаторот на советничката група на СДСМ Тунтев дека не може на кој како ќе му текне да поставува точки на дневен ред, е врв на неговото несериозно однесување што го практикува низ цел мандат. Очигледно за Тунтев и СДСМ единствена важна тема во Охрид се одлуките како со возило да се стигне пред Сараиште, како да се добие некоја локација за поставување урбана опрема за бизнис партнерите и како да се поддржат дивоградбите во Охрид. И сето тоа наводно во името на туризмот. Ние така не го подразбираме туризмот во Охрид и ќе го смениме целиот концепт. Ваквиот однос на СДСМ покажува нивна тотална незаинтересеиранот за реалните проблеми на граѓаните на Охрид. Тоа покажа и дека СДСМ ги крие и штити оние кои го нарушуваат Законот, се наведува во дописот.
Од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ наведуваат дека немаат намера да даваат легитимитет на несоодветните одлуки на узурпираното мнозинство и на одбегнувањето на расправите за проблемите. Додаваат дека ќе се борат со сите институционални и легални мерки на дневен ред во Советот да влегуваат вистински теми, а не теми врзани само со лични или групни интереси блиски на мнозинството предводено од СДСМ и на Градоначалникот .