Охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на прес конференцијата на СДСМ, на која се зборуваше за исклучување на струјата во ОУ „Григор Прличев“.
-Недомаќинското работење на СДСМ, неоправданите долгови и игнорантскиот однос што таа го имала кон долгогодишниот нерешен имотно-правен спор со кој се соочува ОУ „Григор Прличев“ се основните причини за исклучување на струјата во оваа образовна институција. Последица на огромните наследени долгови е и исклучувањето на струјата и во ЈП „Билјанини извори“. Господа од СДСМ треба ли да ве потсетиме дека ОУ„Григор Прличев“ го предадовте на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ со астрономски долг од 8.385.868 денари, од кои 563.537 денари се по основ неплатени сметки за струја, пишува меѓудугото во реакцијата.
Во неа се потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески за разлика од СДСМ не бегаат од проблемите туку со истите се соочуваат и ги решаваат и тогаш кога тие се наследени. Во текот на 2013 година од општинскиот буџет со заложби на градоначалникот Никола Бакрачески на сметката од ОУ „Григор Прличев“ префрлени се 2.479.000 денари од кои само 521.800 денари за електрична енергија.