ВМРО- ДПМНЕ нема да ги подржат одлуките кои се на штета на граѓаните
29.01.11 11:00
Во врска со вчера одржаната седница советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата потенцираат дека од нивна страна јасно и јавно е искажан ставот дека нема да го поддржат предлогот за ново кредитно задолжување на Комуналец, затоа што тоа оди во штета на интересите и на претпријатието и на граѓаните на Охрид.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ , ниту ќе поддржи одредување на цена за уредување на гробно место од 720 денари годишно како што предложи мнозинството, затоа што таа цена е економски небалансирана и политички инструирана и на товар на граѓаните на Охрид . – Тие не се должни да ги плаќаат политичките потреби на локалната власт во Охрид, ниту нивните огромни долгови кои ги создаваат. Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е цената за одржување на гробно место да не надмине висина од 200 денари годишно, велат од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ. Против се и предлог одлуката за давачка за солидарен пакет погребални услуги. По овие ставови , на вчерашната седница мнозинството на СДСМ остана без поддршка и поради тоа истите ги повлече од дневен ред, додаваат од ВМРО- ДПМНЕ.
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, во интерес на граѓаните и новите Јавни претпријатија го поддржа процесот за отстапување на движни и недвижни средства од Комуналец кон новите ЈП кои произлегоа од него. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ потенцираат дека на вчерашната седница можеле лесно да ги блокираат и овие одлуки, но се држеле како сериозна партија до заземениот став ,дадениот збор и поширокиот јавен интерес.
ВМРО ДПМНЕ нагласуваат дека иницијативата за именување на јавен објект во Охрид со името на великанот на македонскиот спорт охриѓанката Атина Бојаџи тие ја започнале. – Заради брзината на постапката советничката група на ВМРО ДПМНЕ поддржа предлог Спортскиот Центар во Охрид да го носи името Атина Бојаџи што не исклучува поднесување на постапка за именување на улица во Охрид со нејзиното име, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Изложбата „Приказни раскажани преку уметност“ на уметниците Јана Иванова и Филип Симоновски ќе биде отворена денес во Младинскиот Центар Охрид во организација на здружението „Во Мојот Свет“ Изложба...
Додека лозарите се спремаат за кроење на виновата лоза, во подрумите на македонските винарии стасува виното од реколтата 2025 Се очекува производството да достигне помеѓу 90 и 100 милиони литри, ко...
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните делови (локално над 25 l/m²) Ќе дува умерен, а долж Повардарието засил...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.