ОО на СДСМ брзо брзо свика прес на кој, преплашена, до јавноста се обиде да протне дезинформација дека некој на некого се заканувал. ВМРО-ДПМНЕ е организирана партија со огромно членство кое доаѓа на консултации пред секој поголем политички настан. Партија која има редовни и секојдневни средби со членството. Ние, за разлика од некои други, не ги заклучуваме луѓето во салата на Општината за да ги условуваме и да им се закануваме, истакна на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Илија Мојсоски.


– Од ОО СДСМ Охрид повторно шират лаги и манипулации. Повторно се против осовременување на болницата која тие ја запустија до таа мерка што граѓаните на Охрид беа приморани да одат по други градови. Повторно се против тоа сите граѓани на Охрид да добијат поквалитетни и посовремени здравствени услуги, здравствена зашита каква што заслужуваат. Охрид, спротивно на волјата на СДСМ, ќе добие најсовремена болница, рече Мојсоски. Тој додаде: најсимптоматично на избрзаниот прес на СДСМ е фактот што од СДСМ заборавија, не сакаа да го спомнат, или немаат одбрана за скандалот на нивниот Градоначалник.

– Со тоа само ни даваат за право да веруваме дека е вистина дека нивниот градоначалник Петрески има во својот џеб 1.6 милиони евра, без никој да даде одговор како тоа ги заработил? Дали премолчено потврдуваат дека е вистина дека Градоначалникот побарал средствата за комуналии за Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник со цесија да се префрлат во градежна фирма? Зошто, како и обично, Петрески и локалната на СДСМ лажеа дека со средствата ќе решавале комунални проблеми кога средствата „веќе им биле ветени“ за нешто сосем друго, беше истакнато на денешната прес конференција.

Ohridnews