Владеачката ВМРО ДПМНЕ денеска продолжи да објавува листи на имиња на лица, за кои тврди дека се вработените според партиски клуч, во општините каде што на власт е СДСМ Притоа ВМРО ДПМНЕ објави листа од десетина вработени во јавната админситрација во Охрид, за кои истакнува дека се блиски роднини на партиски функционери на опозицијата, пренесува „Макфакс“.

 „Вака работи СДСМ и вака СДСМ го дели народот. Обичните граѓани не можат да дојдат до работно место, онаму каде СДСМ е на власт, изјави портпарлот на ВМРО ДПМНЕ  Александар Бичиклиски“.

 Тој обвини дека СДСМ го гледа само сопствениот интерес, а не интересот на државата и граѓаните и дека изјавата на Зоран Заев за партизацијата на администрацијата не била случајност.

„Кога СДСМ прави ваква груба партизација во општините каде сега се на власт, можете да замислите како би изгледала целокупната јавна администрација кога тие би ја имале одговорната да ја водат државата, рече Бичиклиски.

OhridNews
Извор: „Макфакс“