
Спасеска се задржа на, како што рече, лошото менаџирање на градоначалникот Александар Петрески. ” Кон крајот туристичката сезона и во духот на огромната “загриженост” на градоначалникот за заштита на езерото, време е да се запрашаме што се случува со колекторскиот систем, граден кон крајот на 70-тите, со државни пари и самопридонеси од граѓаните”, рече Спасеска. За целокупните состојби со езерото, таа директно го обвини градоначалникот кој според неа, не презема ништо да му помогне на директорот на “Проаква” да си ги изврши обврските и назначува неформални директори на делови од претпријатието .
” На Охрид и Охридското Езеро не му се потребни само декларативни заложби за негова грижа и заштита, туку градоначалникот да си ги извршува своите обврски во рамките на неговите надлежности”, беше речено на прес-конференцијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
А. Ристоска












