Во најлошата пандемија Градоначалникот Ногачески и СДСМ распишуваат тендер за привремени вработувања, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Дали и покрај тоа со неговото доаѓање откога вработи 6 луѓе сега повторно ќе бидеме сведоци на нови вработувања кои ќе се случат и општина Дебрца ќе стане најмногу превработена општина во државава, дали Ногачески кој што обвинуваше дека општина Дебрца е превработена пред да дојде на власт сега прави се спротивно на тоа што ветуваше, а тоа се разбира буквално за се сто ветуваше во неговата кампања. – стои во соопштението за јавност што ВМРО ДПМНЕ го испрати до медиумите.

Опозициската партијата уште прашува зошто советници во советот не го прифатиле предлогот на градоначалникот за ребаланс на буџетот во висина од 1 милион денари за привремени вработувања на сметка на изградба и реконструкција на локални патишта и дали ќе има консултации со нив со цел тој да мине на наредната седница?

OhridNews