Портпаролот на општинската ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски, упати обвинувања кон локалната самоуправа и градоначалникот за, како што вели, противзаконски вработувања и префрлување партиски кадри.

  • СДСМ и градоначалникот Георгиески ветуваа едно Општество за сите, ама само на зборови затоа што тоа спроведено на дело значи само за лица во блиска роднинска врска со луѓе од власта или партиски послушници. Во МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ се вработуваат општи работници кои ескпресно стануваат раководители. Важи ли законот за директорот Владимир Алексијоски? Дали Георгиески е свесен што му се случува во јавните претпријатија или пак свесно молчи за сите незаконски вработувања како и назначувањето во управни одбори и раководни функции во институциите спротивно на законот за спречување корупција и судир на интереси?, праша Божиновски.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе соодветна пријава до Управниот инспекторат, како и пријава за злоупотреба на службената должност и овластување на директорот Алексијоски.

OhridNews