
Од таму потенцираа дека тие се сериозна политичка партија и своите заложби за Охрид ги имаат истакнато во својата Програма, која добила полн легитимитет од охриѓани.
-Паушалните обвинувања дека ВМРО ДПМНЕ спроведува некаков „реваншизам“ се само бесцелен обид да се излезе на Прес конференција и фројдовски го раскажува начинот на кој СДСМ владеел со Охрид. Воведување на ред во системот на функционирањето на Општината и на јавните претпријатија е основна цел на ВМРО ДПМНЕ . Бо Охрид мора да се воведе ред после огромниот пустош што зад себе го остави СДСМ. Тоа ќе продолжи се до моментот на санирање на последиците од неодговорноста на претходната локална власт и до моментот кога Охрид ќе добие потполно респектабилни и функционални институции, стои во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.
OhridNews











