
-Делата на светите Кирил и Методиј претставуваат светол период од македонската историја но и од историјата на словенските народи. Преку создавањето на словенската азбука и своите мисии, сесловенските учители светите Кирил и Методиј допринесоа за ширење на писменоста, науката и културата низ цела Европа, а Македонија ја претставија како центар на словенската писменост, култура и традиција. Нивните дела се значајни за развиток на православието и претставуваат водилка кон соживот и меѓуверска толеранција. Затоа 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители „Св Кирил и Методиј“ треба да биде можност потсетување на световните и духовните вредности но и должност за нивно зачувување и применување!, пишува во честитката ОК на ВМРО ДПМНЕ, Охрид.












