Покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, Македонија е жива. Тој вулкан на непокорот и најдлабокото чувство кое доаѓа од срцето и кое не прави горди, и среќни не само што тлее, туку татни. Татни затоа што покрај сите неправди и беспаќа секогаш го одбиравме потешкиот, но вистинскиот пат. А, ВМРО е чуварот на оваа земја. Ова го истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата по повод 29 години постоење на партијата.

Има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа што оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука 29 години, потоа по сите премрежја и се она што го минавме особено последните години, ВМРО-ДПМНЕ се крева. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелта по која што го оставаат. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои не поминаа. Но не само да ги стигнеме, туку нашата битка и нашата верба е да бидеме подобри од нив. Затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува. А, победата не е нешто недостижно. Потребно е само да се има сон, мотив и чест. – рече Мицкоски.

Низ овие 29 години во ВМРО-ДПМНЕ се вградија многу поединци, цврсти индивидуи, оставија траен белег, интелектуалци, научници, сите со свој придонес, истакна Мицкоски. Имавме грешки од кои учиме, и подвизи со кои се гордееме. И денес имаме подадена рака кон сите, кон секој еден човек, кон секој кој поседува потенцијал, мотив и верува дека можеме да донесеме промена и да успееме, додаде тој.

Лидерот Мицкоски е уверен дека СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе победува.

Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе ја формира новата Влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ се што поминавме овие речиси две години. И оние кои веруваа од почеток, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, но оние кои сеуште кои не веруваат, а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Зоран Заев е тргната по удолнина од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден станува се посилна, се поорганизирана и свесна дека не чека многу работа за да Македонија да успее. А, победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија! И ова од овде, на овој 29-ти роденден ви го ветувам. – порача Мицкоски.

OhridNews