Вечерва на полноќ, истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни.
До сега, само од Народното движење за Македонија достави листи на кандидати за пратенци, а од големите политички партии тоа го најави единствено владејачката коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ.
-ВМРО ДПМНЕ одлучи да учествува на изборите распишани за 5-ти јуни. До крајот на рокот што истекува вечерва на полноќ, партијата ќе поднесе кандидатски листи во ДИК. Портпаролот Иво Котевски појасни дека ваква одлука е донесена уште синоќа на седниците на Централниот и на Извршниот комитет. ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ги објават носителите и составот на кандидатските листи откако ќе завршат сите формалности и откако пријавите ќе бидат и формално поднесени во ДИК.
СДСМ, ДУИ и ДПА, три од четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, најавија дека нема да поднесат кандидатски листи.
OhridNews