
Вкупно, ВМРО ДПМНЕ доби 55 градоначалнички мандати, а владејачката партија со голема предност победи и во главниот град Скопје.
Веднаш по објавувањето на првичните неофицијални резултати, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски се заблагодари на поддршката на граѓаните. Тој повика на скромна прослава на победата, затоа што, како што рече, веќе од понеделник победниците на изборите ги очекува макотрпна работа во решавање на проблемите на граѓаните без оглед на нивната партиска или друга припадност.












