Општинската ВМРО- ДПМНЕ ја поздрави одлуката на министерството за транспорт и врски за одземање на ингеренциите на локалната самоуправа за случајот Ив- Ире во Трпејца. Како што беше кажано на денешната прес- конференција, ВМРО ДПМНЕ смета дека решението за одземањето на ингеренциите на Општина Охрид за овој случај е последниот можен правен лек и сметаат дека тоа е  правилна одлука на надлежното министерство.


 – Непочитување на одлуката и заклучокот на инспекторатот јасно покажа дека Градоначалникот Петрески и локалната самоуправа Охрид  упорно  штитат  урбани  интереси  на урбаната мафија во Охрид, одбивајќи притоа да постапи според Законите и  да ја сруши дивоградбата на брегот на езерото во Трпејца. Воедно му предлагаме на Државниот градежен инспекторат што поскоро да ја посети Општина Охрид и да провери уште колку тоа дивоградби  се кријат заради некакви  бизнис мотиви на Градоначалникот Петрески, а се на штета на Охрид, рече портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Од општинската ВМРО- ДПМНЕ се осврнаа и на Законот за Охрид, кој како што беше кажано, после 20 години зборување за него и притисоци истиот да не се донесе од урбани интереси ,конечно е донесен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  кои не подлегнале на притисокот и го изгласале законот.

– Очигледно градоначалникот не може да го следи интересот на градот Охрид  и поради  други интереси не сака да го примени.  Оправданието  на пример дека планот за потегот Табана  чека  на некаква согласност е неточно, затоа што тој план не е изгласан во Советот заради неадекватните урбани решенија на кои се спротиставивме.  Затоа, го повикуваме Градоначалникот  на Охрид  да постапи според  членовите 6 и 13 од Законот за Охрид  во кој е  утврден  рок од една година од носење на  законот за да донесе ДУП за целата заштитена зона (а не само за Табана) и ДУПови за контактната зона која се протега се до булеварот Железничка, рече Митровиќ.

OhridNews