Прилично сме убедени дека партиската слепост на кадрите од штабот на СДСМ сместен на Димитар Влахов 57 Охрид, зачинета со тотално незнаење и елементи на корумпираност се извор на тоталниот хаос во раководењето со Охрид. СДСМ сместен на Димитар Влахов 57, покажа основно незнаење во раководењето на Охрид поттикнато од правните манипулации и закани на еден бивш пратеник на СДСМ, сега секретар на Општината и спроведено од корумпиран Градоначалник кој носи 1,6 милиони евра во својот џеб, стои во дописот испратен од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

– Уништувачи на Охрид, го прокоцкавте Охрид со тоа што ја одбивте шансата за инвестиција од вкупно 20 милиони евра на Владата на РМ и тоа за изградба на Светиклиментов Универзитет. Ја прокоцкавте шансата наместо комуналии со кои сакате да си ги платите личните долгови и напластените налози за јадење и шетање, со преговори да му обезбедите на Охрид изградба на уште еден културен објект. Тоа го направивте само од жолчна завист затоа што СДСМ и овој таканаречен Градоначалник со милионите во џеб, никогаш ништо не направиле за Охрид. Евидентно е веќе дека Охрид го водат манипулатори на СДСМ, се наведува  меѓу другото во дописот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ од каде додаваат дека Охрид веќе 6 години е заложник на лукративно коруптивните интереси на Петрески.

Ohridnews