Секојдневното замајување на јавноста од страна на ОО СДСМ Охрид преку пресови е само типичен пример за нивната заплашеност од делата кои се спроведуваат во Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески, се вели во реакцијата од општинската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изнесените обвинувања од ОО на СДСМ дека владејачката партија го девастира и уништува студенчишкото блато.

„Излегуваат на прес обвинувајќи за урбанизација при тоа непокажувајќи еден единствен документ кој укажува на урбанизација на студенчишкото блато. Единствен факт на страната на СДСМ се само клеветите и лагите и модифицираните зборови обвинувајќи ја локалната власт и ВМРО ДПМНЕ. Но ние нема да потклекнеме на ваквите небулози, напротив одиме напред кон реализирање на ветените проекти.“ – соопштуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека обвинувањата на СДСМ преставуваат мотив повеќе за што поуспешно реализирање на ветените проекти од страна на локалната самоуправа.

„Ние нема да се поколебаме во нашите цели кои водат кон еден поубав и посовремен Охрид. Впрочем ние сме избрани од нашите сограѓани бидејќи знаеме што е најдобро за нашиот град.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

OhridNews