
-Освен што мнозинството на СДСМ во советот на Општина Охрид спречи демократска дискусија за проблемот и одби ставање на таа точка на дневен ред на предлог на советниците на ВМРО ДПМНЕ што е невиден недемократски преседан, локалната во Охрид на чело со Градоначалникот Петрески упорно манипулира со спроведувањето на Решението и заклучокот за отстранување на дивоградбите, беше речено на пресот.
ВМРО ДПМНЕ побара надлежните институции на централно ниво кои имаат надлежност во градежната и урбанистичката сфера да излезат на терен и да ги преземат потребните мерки за решавање на проблемот во Трпејца.











