Локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески и покрај одложениот почеток на учебната година не успеаја да ги решат проблемите за успешен старт на сите ученици, обвинува ВМРО ДПМНЕ.

Од таму прашуваат зошто учениците од Вапила и Ливоишта биле оставени два дена без настава, зошто за учениците во ОУ „Ванчо Николески“ немало автобуски превоз како и за решавање на проблемот со редовниот превоз на патници со кој се соочуваат жителите од селото Куратица и околните села?

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид бара до понеделник да бидат обезбедени сите услови каде што има целосна дозвола за организирање настава со физичко присуство за учениците.

OhridNews