Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска упати остри критики кон локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие за состојбата со јавната хигиена во Охрид во туристичката сезона.
Георгиески и Грданоски се обврзаа постојано и навремено дека ќе управуваат со комуналниот отпад, но лошата слика од Охрид е дека власта воопшто не го чисти градот и создава нови депонии. Целиот град е во смет, контејнерите се преполни, ѓубре расфрлано насекаде, нечисти улици, неподнослива миризба, возниот парк е надвор од функција, Мауцкер остана само празно ветување, Буково чади и ги труе граѓаните… сето ова ја дава целосната слика дека Охрид ниту е чист, ниту е среден. – велат од ОК ВМРДО ДПМНЕ.

Охрид наместо модерен туристички град со Георгиески е ставен на маргините како туристичка дестинација. Охриѓани за брзо ќе ја испорачаат казната за ваквата неспособност и неработење на Георгиески, а Охрид ќе со гордее со нови проекти и инвестиции. – порачуваат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
OhridNews











