Проектот за пречистителната станица во Трпејца, кој вие само го спомнувавте во кампањи, конечно по 50 години е во фаза на реализација со обезбедено финансирање од 68 милиони денари, тендериран со избран изведувач, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид.
Само да ве потсетите дека седум пати го одбивавте амандманот за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца. Проектот вклучува само една пумпна станица со примарна, со секундарна канализациска мрежа којашто по гравитациски пат ќе ја носи целата отпадна вода на едно место и од тоа место ќе се пумпа директно во пречистителната станица и понатаму од таа пречистителна станица ќе се испушта прва класа во Охридското Езеро, велат.
Додаваат дека за раздолжувањето кое го спомнуваат не треба да си го препишуваат туѓиот труд.
За сите проекти ние даваме отчет, затоа што вистинската одговорна власт работи од прв до последен ден, а не како вас што на крајот од мандатот почнувате да се распрашувате каде биле проектите, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
OhridNews