ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите верници кои го слават големиот христијански празник Божик според Грегоријанскиот календар.
Раѓањето Христово е семеен и радоносен празник. Симболиката е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Токму и нашиот заеднички стремеж нека биде насочен кон подобра иднина на Охрид и Република Македонија. Да создаваме и правиме добри дела, да се почитуваме и помагаме, да негуваме добри мисли за доброто на сите. Секој дом нека биде исполнет со радост, спокој и мир, а срцата на сите верници со љубов. Христос се роди! – се вели во честитката упатена до верниците по повод католичкиот Божик.
OhridNews












