Откако СДС Охрид го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари сега зборува за неработа. Со години дозволивте запуштеност, негрижа и хаос, а денес се обидувате да бидете морални коректори на туѓа работа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид.

Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ е човек кој вложи напор, труд и лична одговорност да донесе ред во едно од најсензитивните јавни претпријатија кое сега е со целосно намалени дневници и службени патувања и репрезентација. Продававте наплатени над 250 гробни места, ама никогаш не изработени за кои граѓаните плаќаа од 80 илјади до 100 илјади денари. Ако сакате да видите запоставени гробишта, само вратете се назад во вашиот мандат. Затоа, наместо да глумите загриженост, подобро прашајте се: Каде бевте и што правевте додека Охрид се давеше во вашата некомпетентност?, велат во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews