„Никој друг освен Општина Охрид не може да му биде виновен на Петрески што стопанисувањето со паркинзите стана најпрофитабилен бизнис, кој ги полни џебовите на поединци за сметка на граѓаните“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што тој изјави, ситуацијата е јасна. Паркинзите во Општина Охрид се во надлежност на општина Охрид. Александар Петрески како градоначалник и прв човек на општина Охрид е тој кој му дозволил на концесионерот да се однесува деспотски и да ги ограбува граѓаните.
– Овде се работи за милионски профит овозможен од градоначалникот на Охрид. Петрески чекаше да заврши туристичката сезона па да излезе со изјава во јавноста. Уште поскандалозно е тоа што Александар Петрески сам се жалеше во јавноста поради својот неуспех. Нема никаде друг пример каде градоначалникот наместо да ги решава проблемите, тој јавно да се согласи дека постојат и при тоа ништо да не превземе. Александар Петрески не ги решава проблемите на охриѓани тој ги создава. Тој на општината гледа како приватен бизнис и извор за богатење. Ова е еклатантен пример за неспособноста на градоначалникот на Охрид“, изјави Бичиклиски.