Новата 2022 година нека биде триумф на работата, здравјето и среќата, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид во честитката за Новата 2022 година.
Што побрзо сите да ја заборавиме старата и сите потешкотии со кои се соочивме. Граѓаните се одлучија за промени, сега е потребна работа, праведност и чесност. Во Новата година наша огромна обврска е подобра и поубава иднина. Охриѓани заслужуваат нова и среќна иднина во која проектите има да донесат развој, стабилност и успеси за сите во Охрид.
Нека добрината и светоста на животот бидат водилка за сите во Охрид и Република Македонија, додават во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид посакувајќи им на граѓаните најубави празнични денови.
OhridNews












