Дали градската власт ги злоупотребува јавните претпријатија за задоволување на партиското раководство на СДСМ, прашува ОК Вмро Дпмне Охрид.

Георгиески да одговори што работеше механизацијата на ЈП ,,Водовод” за време на викенд кај штабот на СДСМ? Која е целта што се ископа паркот пред штабот на СДСМ? Дали наместо зеленило ќе се гради паркинг простор? И додека граѓаните мака мачат со вода за пиење, додека десетици дефекти на водоводна мрежа чекаат нивна санација приоритет на ЈП ,,Водовод” беше уредување на штабот на СДСМ. – стои во партиското соопштение.

За партиските потреби нема викенд, се додава во соопштението од Вмро Дпмне ОК Охрид.

OhridNews