ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упати честитка по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Ромската заедница преку својот јазик ги развива својата култура и својата традиција во Охрид и во Македонија. Почитувањето на културните вредности и меѓусебното разбирање се наша заедничка одлика. Затоа и унапредувањето на положбата на Ромите во секоја сфера во општеството е наша заедничка цел, велат во честитката.

Посакуваме многу радост, здравје и љубов. Нека ви е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!, се додава во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

OhridNews