– За овој чин на донирањето на противпожарното возило од Општината и Градоначалникот на Охрид кој се сликаше кога го прими возилото за жал имаме само – молк . Како и по обичај во локалната власт се премолчува и стопира се што е добро за Охрид а го прави Владата , се што е иницијатива на Владата , се што е проект на Владата.-велат од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму сметаат дека доколку Општина Охрид да не ја добиеше оваа донација, локалната самоуправа остро ќе ја нападнела Владата и ќе се жалела дека Охрид е повторно оштетен.
– Со ваквото однесување уште еднаш се покажа дека Охрид е закочен единствено поради омразата што ја шири неодговорната локална власт во Охрид,-додаваат од ВМРО ДПМНЕ.