И покрај целиот фалсификат и масовен поткуп на СДСМ и Зоран Заев, со сите притисоци, закани и злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, а СДСМ само во дваесетина, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски, на прес конференција вчера. Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ останува најсилната политичка партија во Република Македонија а народот испрати јасна порака дека никој не смее да ја погазува неговата волја, додаде тој.
Оние кои криминално владеа тоа го продолжија и за време на изборната кампања, но и за време на самиот изборен ден во средата. Ваквиот фалсификат и поткуп на гласови направен од СДСМ и Зоран Заев е последица на нервозата и сознанието дека народот не ги поддржува повеќе и ја немаат поддршката на народот. Народот не ги сака затоа што не испорачаа резултати, а донесоа криминал, корупција и неправди. – рече Арсовски.

Исто така имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30 илјади кои се несвојствени за избори со ваква излезност, а воедно ќе напоменам дека функционери и експоненти блиски до СДСМ јавно водеа кампања да се прешкртуваат ливчиња и лажно тоа го преставуваа дека е повик на ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од тие ливчиња се гласови за ВМРО-ДПМНЕ кои сега се сметаат за неважечки. Што значи се поништува нивната волја. Затоа ние ќе побараме како политичка партија рачно пребројување на гласачките ливчиња. – рече Арсовски











