За општинската ВМРО- ДПМНЕ потрошувачката на општинскиот буџет е симтоматична во неколку ставки.
– Општината предводена од Петрески и СДСМ во 2011 година потрошила на име на комунални услуги,греење и транспорт дури над 36 милиони денари. Исто така над 35 милиони денари Општината потрошила за поправки и одржувања. Вкупно над 1,1 милион евра за овие услуги во најмала рака е симптоматично.Исто така од буџетот на Општината Охрид во 2011 година локалната самоуправа на СДСМ потрошила речици 5 милиони денари за невладини организации и уште блиску 18 милиони денари за некакви разни трансфери, велат од ВМРО- ДПМНЕ .
Од оваа партија прашуваат каде одат средствата на граѓаните ако се знае дека главните улици во Охрид се во очајна состојба, а состојбата со јавните претпријатија е уште полоша.
– Во извештајот на ЈП Комуналец, преставени се 434.000 денари трошок за јавна чистота а буџетот на Локалната за таа ставка беше 11 милиони денари. Останува прашањето каде се парите т.е разликата од 10,5 милиони денари на граѓаните за јавната чистота? Исто така ЈП Комуналец треба јавно да одговори која фирма работи на уредување на депонијата Мауцкер и Буково,како е избрана и со кои услови? Во извештајот на МЈП Проаква конечно е признаен дека долгот од над 1 милион евра со кој се соочува ова претпријатие.Катастрофалното раководење на Проаква последниве години предизвикува хаос во претпријатието,неисплатени плати,испуштање на работниците и нивно залажување со фамозното пуштање на некакви 70% како во некои други времиња, потенцираат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму тврдат дека скандалозно е и управување на СДСМ со јавните претпријатија што е продолжено со ЈП Погребални услуги и ЈП Гробишта.
– Која фирма е изведувач на работите за ископ на гробиштата,како е ангажирана и по кои услови? Голем е скандалот во ЈП Нискоградба каде под сомнение се договорни услуги за 12 милиони денари за кои треба да се одговори како,за што и на кои фирми се доделуваат овие средства ?, прашуваат од ВМРО- ДПМНЕ.











