Петрески се обидува да го претстави колектор како негова капитална инвестиција , само затоа што исплатите се во негово време. Добро е што фактички, со оваа изјава градоначалникот конечно призна дека тој не направил во Охрид ниту една капитална инвестиција, а потрошил 40 милиони евра, реагираат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Еден вистински Градоначалник на Охрид , треба да престане да се занимава со политичките партии , да престане да лаже дека некој го блокира и да сработи нешто. Сигурно е дека Петрески и по 8 години ќе остане во историјата на Охрид како Градоначалник зад кој нема ништо освен згради , станови и уништување на градот и како таков ќе биде сместен на црната страна на историјата на градот, велат од ВМРО- ДПМНЕ .












