-Петрески заборава дека 7 години тој го уништува Охрид , дека 7 години тој ги уништува јавните претпријатија , дека 7 години тој ја уништува локалната самоуправа. Но ,граѓаните ќе го потсетат многу брзо и ќе го испратат во црната историја на Охрид.
Како и во секоја друга реакција Петрески избегнува да одговори зошто водата поскапува 20 проценти , зошто на Комуналец треба да му плаќаме 9 проценти повисоки сметки, зошто на Нискоградба треба да плаќаат повисоки сметки , зошто гробарината е највисока во Македонија.
Ако навистина смета дека граѓаните живеат во економска критична ситуација нека објасни Петрески зошто тогаш ги зголемува цените на главните комунални услуги во Охрид. – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.