Под превезот на наводна заинтересираниост за градот, Петрески со своите соработници на Охрид му се нуди преку наводен Проект за јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во Охрид. Истата онаа која ја вети пред 8 години и никогаш не ја направи, избегнувајќи го одговорот зошто излажа. Сега како подлога за новата кандидатура на лагата, излегува со Проект за изградба на автобуска станица за кој нема донесено Детален урбанистички план за опфатот каде е планирана Автобуската станица, нема прецизен план и финансиска конструкција за целиот процес и на крајот на краиштата се нуди изградба на Автобуска станица по принцип на јавно приватно партнерство што само по себе ќе креира финансиски обврски на Општината кај потенцијалниот приватен партнер, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со предлог- одлуките за започнување на процедурата за изградба на катна гаража и автобуска станица, кои се дел од дневниот ред од седницата која ќе се одржи утре.

– Ако на тоа се додаде дека изборот на партнерот го врши Градоначалникот ,тогаш знаејќи го искуството со коруптивното работење на Петрески, може да претпоставуваме кого  и како Петрески би избрал за партнер. Локалната самоуправа и досега имаше законска можност да гради на земјиште што било нејзина сопственост или сопственост на Јавно претпријатие на Општината, но тоа не го направи. Затоа овој процес, освен што е огромна предизборна лага на Петрески е показател на непроменетото коруптивно размислување на Петрески и неговиот тим, рече на денешната прес конференција портпаролот на на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Како што велат од ВМРО ДПМНЕ, автобуската станица ќе се изгради во мандатот на Градоначалникот на Охрид од ВМРО ДПМНЕ кој ќе започне во Март 2013 година со средства од локалната самоуправа и средства од Владата на Република Македонија ,без да се генерираат обврски и долгови  на Општината кон приватни партнери за ваков објект од јавен интерес.

Митровиќ се осврна и на предлог – одлуката за отпочнуање на постапката за изградба на катна гаража.

– Петрески во корупивните мисли оди чекор понатаму и нуди ист таков процес за јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража.Истата онаа катна гаража кај пазарот која 8 години не знаеше и не сакаше да ја направи. Наеднаш сега во предизборите, проработе инстинктот за лжни ветувања и катната гаража е пак дел од понудата на Петрески. Додека сите поголеми градови во Македонија изградија јавни катни гаражи, Петрески за изградбата сака да го  заглави повторно Охрид во финансиски обврски и долгови, рече меѓудругото Митровиќ.

OhridNews