Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на брифинг со новинарите информираше дека поднеле допис до претседателот на парламентот за формирање 10 пратенички групи во Собранието. Според барањето, 9 од групите ќе имаат по пет, а една ќе има шест члена. Како што рече Димовски, ова го прават со цел да може да се искористи деловничкото право со можност за поголемо учество во дискусијата. Деловникот предвидува координаторот на пратеничката група да говори 15 минути и да се јави за процедурални забелешки од три минути.
Според пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев формирањето на десет пратенички групи од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, не е ништо друго освен блокада на Собранието и претставува оневозможување на реформските процеси.
– ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно. Ги повикувам да се откажат од несовесниот потег, кој е спротивен на државните и интересите на граѓаните, рече Тунтев. Според него ВМРО-ДПМНЕ има право да ги формира пратеничките групи, но не за да ги опструира реформските процеси. Тунтев додаде дека парламентарното мнозинство ќе ги преземеме сите мерки за да се спречи вакавта намера.
OhridNews