„ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид,  во духот на својата демохристијанска определба, на своите сограѓани им го честита големиот христијански  празник Прочка.

Проштевањето е духовен процес што од човекот  бара лично преиспитување, покајување, за потоа да следува вистинско проштевање. Прочка е манифестација на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и ден за  безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Овој голем ден е ден на помирување на небото со земјата и ден кога сите ние духовно се причестуваме.

Прочка не треба да биде само еднаш годишно , туку наша секојдневна определба.

Простете за се што во борбата сме погрешиле , ние само чесно и упорно  се бориме за подобар Охрид!“-се вели во празничната честитка на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

OhridNews