Катица Јанева денеска ги потврди сите сомнежи на граѓаните на Република Македонија дека е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ.

„Целта на денешната прес конференција на Катица Јанева беше само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот.

Катица Јанева денеска не објасни како Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани. Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски. Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија.

Многу почесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања.“ – се вели во партиската реакција на прес конференцијата на СЈО кое денеска објави дека е покрената предистражна постапка за 10 лица, меѓу кои и тројца раководители на УБК за незаконско прислушкување во државата во периодот 2008 – 2015 година.

OhridNews