ВМРО ДПМНЕ реагира на ставот на ВМРО НП да не се урива изграденото во манастирскиот комплекс Св. Наум. Според владејачката партија, „народна“ поттикнува безаконие.
„Најмалку очекувавме преставниците на Народна да бидат повикани и да укажуваат на верските и државните норми со оглед дека во нивното спојување со СДСМ очигледно преовладувал и преовладува само личниот интерес а никако интересот на граѓаните и државата. Бидејќи имаат проблем со законските и правни норми што се докажа со растурањето на еден град каков што е Охрид кое го направија заедно со СДСМ ,сакаме да потенцираме дека владеењето на правото и законските норми се основни темели кон кои се потпира една држава. Оттаму почитувањето и обврските кон законите на Република Македонија е обврска на сите граѓани на Република Македонија. Тука нема што да се коментира и од тоа не се прават обиди за политички поени. Тоа само ја покажува натамошната интенција на Народна и СДСМ за безредиа, безаконие кое го практикуваа. Од таму е јасно како поминуваат и како ќе поминат пред граѓаните и на овие наредни избори.“-се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews