“ Вработените во Администрацијата во општина Охрид , вработените во основните и средните училишта во градот и вработените во Јавните претпријатија се изложени на страотен притисок од страна на Градоначалникот на Охрид , Директорите на училиштата и Јавните претпријатија под општината , за да присуствуваат на митингот на СДСМ во недела во Скопје” , велат од ВМРО- ДПМНЕ.
“ ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои имаат желба- да присуствуваат на митингот, а на сите оние кои се чувствуваат притиснати под закана од Градоначалникот, Директорите на Јавните претпријатија од општината и Директорите на училиштата, им порачува дека ќе им овозможи правна помош против тие методи на рушење на основните човекови права”, е наведено во дописот од ВМРО- ДПМНЕ.