
„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти-како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница“, се додава во сооштението.
Од таму повторија дека и денешниот прес на Зоран Заев е од сечени и креирани материјали, што според нив е класична злоупотреба на трагичната смрт на човек, исто како што направи во случајот со расчистеното убиство на Мартин Нешкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи психозата која сака Зоран Заев да ја наметне на јавноста да биде прифатена од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ поддржува нова истрага веднаш во рамките на позитивните закони и институции. Да потсетиме дека СДСМ и нивните медиуми и новинари две години шират илјада различни теории на заговор во врска со овој трагичен настан и врз основа на тие теории градеа позиции за политичка корист за себе и својата партија.Две години не обвинуваа, а денес сами докажаа дека лажеле и користеле смрт на човек за политички цели. Тоа говори за нив. Нека им служи на чест“, додаваат од владејачката партија.
OhridNews












