– Разно разни манипулатори од СДСМ и Општината кои цел живот само земаат од Охрид, а на градот ништо не му дале се разоткрија злоупотребувајќи ја уште еднаш и моменталната состојба со градоначалникот . ВМРО ДПМНЕ покажа повеќе човечност отколку самиот СДСМ за нивниот градоначалник. Вчера и премиерот на РМ Никола Груевски , во разговор со раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ се интересираше за здравствената состојба на градоначалникот и му посака побрзо оздравување. Во говорот на отворањето на “Железничка” , премиерот и честиташе и на локалната самоуправа за помошта при овој Проект. Премиерот на РМ вчера го отвори и патот од село Оровник до манастирот Света Недела на кое отворање присуствуваше градоначалникот на Дебрца , Љупчо Којчиноски кој се обрати со почит и чест кон оние кои го изградија патот, но и преставниците на Владата се заблагодарија за помошта. Ете тоа се вистински однос и вредности, велат од ВМРО- ДПМНЕ .
ВМРО- ДПМНЕ: Покажавме повеќе човечност, отколку СДСМ за градоначалникот
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com