Додека речиси сите општини во Република Македонија одговорија на програмата на Владата за вработување на невработени лица по општините во државата, Општина Охрид од целосно нелогични причини не поднесе Апликација за вработување на лица кои би извршувале јавни работи во Општината. Овој крајно неодговорен чин на Градоначалникот на Охрид и на неговиот неспособен тим ја затвори можноста во прво време 40, а потоа уште 40 семејства во Охрид да добијат приходи во одреден период, беше изнесено на денешната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Неразбирливо е отсуството на основен елемент на грижа за сограѓаните од страна на Петрески на кои во услови на глобална економска криза и неповолни економски текови Владата на Република Македонија им овозможува извор на приходи. Веројатно за Петрески нема никаква криза ниту пак има некаква грижа на совест и веројатно штом не се работи за станови и згради нема интерес за ништо во Охрид, рече портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

Како што потенцира Митровиќ, ваквиот чин на неодговорност на администрацијата на Петрески бара превземање и на казнени мерки затоа што директно и намерно блокира Владини програми, со што директно и намерно нанесува штета врз голем број на семејства во Охрид.

OhridNews