Општина Охрид целосно потфрли во реакцијата за поплавите. Јавно го прашуваме градоначалникот Стојаноски: поважни се политика и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

– За изборите им ветуваа сже и сешто на жителите на Косел и Железничка само за да ги добијат нивните гласови, а сега ги нема да се појават меѓу нив кога им е најпотребно. Зошто градоначалникот и пратениците Тунтев и Лазаревска не се на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од поплавата? Земаат од народот пари за патни трошоци за да не се јавуваат за помош на охриѓани? Ја повикуваме Локалната самоуправа веднаш да реагира за да им се помогне на поплавените граѓани затоа што токму овие проблеми на жителите на Косел и Железничка беа посочени како горлив проблем од Градоначалникот во предизборието кој пак вети дека ќе ги реши, додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Како што велат, уште еднаш се докажало дека на Градоначалникот и СДСМ не им е до граѓаните и дека не покажуваат солидарност со настраданите граѓани и меѓусебна соработка за надминување на последиците од поплавата.

OhridNews