Зоран Заев и СДСМ денеска промовираа проект кој е на ВМРО ДПМНЕ, кој тие бесмислено го напаѓаа и критикуваа, истакна денеска на пресд конференција пртседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев.

-Не сме сигурни и ги прашуваме господата од СДСМ, кога повеќе им беше срам, тогаш кога критикуваа дека ќе се прави нова автобуска станица за охриѓани или денес кога се нацртани сите до еден да се сликаат и да сечат лента, заборавајќи на се она што го говореа против проектот? Новата автобуска станица е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено сме горди како партија, бидејќи охриѓани го заслужуваат и упатуваме честитки до граѓаните. –  рече Донев.

Тој истакна дека охриѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, но НЕ со урбана мафија која царува низ целиот град секогаш кога СДСМ е на власт и целиот град наликува на една огромна дивоградба.

-Да, охриѓани заслужуваат да бидат дел од европското семејство, но НЕ со свесно блокирани проекти како автопатот Кичево-Охрид, Cв. Климентовиот универзитет, колекторскиот систем и многу други. Проекти кои се стопирани од СДСМ изминатава година, а се и тoa како важни за Охрид и охриѓани. – додаде Донев.

OhridNews