„Пишман играорците“ од ОО на СДСМ од Охрид , не можат да ги видат капиталните дела кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Охрид и кои ќе останат за сите граѓани на Охрид и Македонија, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ како одговор на дописот од ОО на СДСМ, во врска со вчерашната посета на премиерот Никола Груевски.

– Премиерот во Охрид виде реконструкција на Општата Болница со средства обезбедени од државниот буџет, со цел нејзино скоро промовирање во најсовремен медицински центар. Виде улици асфалтирани со средства обезбедени од државниот буџет, нов и модерен Аеродром, реконструиран со средства од стратешки инвеститор. Изградба на Свети Климентовиот Универзитет, нов професионален театар, нова обиколница, финансирана со средства од државниот буџет. За жал, Премиерот во Охрид не виде нов пазар, нова автобуска станица, нов конгресен центар, нова спортска сала, нова марина, нов здравствен дом- сето тоа требаше да биде направено и одобрено од локалната власт на СДСМ во Охрид, стои во дописот од  Ок на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews