Денешната прес конференција на ОО СДСМ Охрид претставува нивен политички колапс за она што претставува вистинска стратегија кон младите, кон спортот, но пред се кон она што значи ветување и реализирање на проекти, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО-ДПМНЕ во однос на изнесеното на прес конференцијата на СДСМ Охрид.
– Добро е што локацијата за одржување на нивната прес конференција е токму на дел од реализираните ветени проекти на ВМРО ДПМНЕ и претпоставуваме дека добро ја согледале и ја увиделе изградбата на целосниот комплекс за спорт и рекреација во Билјанини извори, почнувајќи од тековните активности за изградба на затворениот базен. Но, се поставува прашањето каде и во која инвестиција се вложени барем дел од 50 милионскиот долг кој СДСМ ги направи во нивното управување со Локалната самоуправа. Би сакале да го видиме портпаролот на ОО СДСМ да одржи прес конференција пред едно такво здание, па дури тогаш ќе има политички кредибилитет да зборува за било каква критика кон ВМРО ДПМНЕ, но веруваме дека такво нешто непостои, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека граѓаните мудро веќе неколку изборни циклуси препознаваат вистински одржан збор, па оттаму ваквите прес конференции на ОО СДСМ Охрид ги сметаат за политички несериозни и без било каква политичка тежина.
OhridNews