Шокантно и скандалозно е однесувањето на Претседателот на Советот на Општина Охрид по повод барањето за одржување итна седница поврзана со овоможување на реализација на Решенија и заклучоци на Општината за уривањето на дивоградби во село Трпејца, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во врска со тврдењата на претседателот на советот, Душко Јаковчески, дека нема основ за свикување итна седница.
– Претседателот на Советот уште еднаш, како и многупати досега, покажува основно непознавање и непочитување на Деловникот за работа на Советот на Општина Охрид и неразликување на поимите итна и вонредна седница. Тоа говори само дека СДСМ уште еднаш сериозно ја нарушува демократијата во Охрид, а воедно со тој акт индиректно признава дека има нивна вина во случајот со дивоградбите во Трпејца и со неспроведувањето на решенијата и заклучоците. СДСМ со овој неделовнички и недемократски акт се обидува да направи класична суспензија за вистината, но вистината нема да може да се сокрие , стои меѓу другото во испратената реакција на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ.
Како што велат од советничката група, изразуваат револт кон суспензијата на демократското право за дискусија за важните прашања за Охрид , кон игнорирањето на Деловникот за работа на Советот и кон обидот за суспензијата на вистината ,нанесен од страна на СДСМ преку Претседателот на Советот на Општина Охрид и дека како советничка група ќе одлучуваат за натамошни мерки .












