Иако е во тек оглас за 16 нови вработувања, градоначалникот Георгиески предлага нови 40 партиски послушници кои ќе ги вдоми во превработената Општина повторно удирајќи по џебот на охриѓани, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Георгиески мисли дека со предизборните вработувања на грбот на граѓаните ќе добие и втор мандат, но тоа нема да се случи порачуваат од опозициската партија, која ги обвини СДСМ и градоначалникот за лажни ветувања.
Наместо како што вети враќање на долгот на општина Охрид и одблокирање на сметката, решавање на горливите проблеми, охриѓани добија повисоки сметки за плаќање, урбан хаос, неуредени и неисчистени плажи, уништена туристичка сезона, раскопани улици, депонии и ѓубре низ целиот град. Цел мандат на Власта предводена од СДСМ ќе заврши без ниту еден капитален проект. – се вели во соопштението за јавност на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews












