Соопштението од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески за тужба против портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ, е уште една панична реакција на исплашен човек кој ќе ги изгуби наредните локални избори, реагираат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

–    Од друга страна со задоволство прифаќаме вистината да биде докажана преку надлежните институции, додека за начинот на кој работи оваа локална самоуправа и Александар Петрески ќе покажат ревизиите кои ќе се спроведат по неговото заминување од функцијата градоначалник, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат оттаму, сакаат да укажат дека во вчерашната реакција на локалната самоуправа не биле негирани нивните наводи искажани за време на прес- конференцијата, туку напротив- било потврдено дека локалната самоуправа  објавила  тендер за издавање на улични паркинзи во централните зони на град Охрид.

OhridNews